You are here

Добредојдовте во проектот ЕНТЕЛИС

Европска мрежа за учење поддржано со технологија во инклузивно општество  

(The European Network for Technology Enhanced Learning in an Inclusive Society) 

Download the ENTELIS leaflet (2,69 Mb) in your preferred language: ENDEGRFIITMK 
Download the ENTELIS INTERIM REPORT (Public Part, 189 Kb): EN 
 

Брзиот напредок во полето на информациските и комуникациските технологии го менува начинот на живот на целата земјина топка, создавајќи нови можности за многу луѓе. Сепак, лицата со  попреченост и старите лица се соочуваат со тешкотии целосно да ја користат технологијата, а тоа ги спречува да уживаат во благодетите што таа ги нуди. Со тоа се отежнува создавањето на инклузивно општество кое го бара Конвецијата на ОН за правата на лицата со попреченост.

Овој јаз може да се премости со зголемување на дигиталните компетенции на овие граѓани како и со олеснување на пристапот до соодветни асистивни технологии. Вложувањето во можностиза учење и програми за обука ќе помогне да се зголеми вклученоста во општествотои пристапот до еднакви можности.

Проектот ЕНТЕЛИС – поддржан од Европската комисија во рамките на Програмата за доживотно учење – спојува девет партнери од Европа и еден партнер од САД кои во целост ги поседуваат потребните компетенции и експертиза за решавање на овој комплексен проблем. Останатите организации се придружни партнери на овој Конзорциум.

Целта ни е да го намалиме дигиталниот јаз преку создавање на одржлива мрежа од организации кои ќе сорботуваат во креирање на стратегии и политики за развивање на дигиталните вештиникај лицата со попреченост од сите возрасти.

Мрежата вклучува организации на лица со попреченост, академски институции, сервисни служби, како и национални и меѓународни чадор организации. Сите други заинтересирани организации може да аплицираат за прием во мрежата како придружни партнери, според правилата на мрежата.

Само заедно можеме да го премостиме дигиталниот јаз!