You are here

ЕНТЕЛИС проектот

Download the ENTELIS leaflet (2,69 Mb) in your preferred language: EN, DE, GR, FI, IT, MK  

Зошто нова мрежа?

Брзиот напредок во полето на информатичките и комуникациските технологии го менува начинот на живот на целата земјина топка, создавајќи нови можности за многу луѓе.

Сепак, лицата со попреченост и старите лица се соочуваат со тешкотии целосно да се поврзат со технологијата, а тоа ги спречува да уживаат во благодетите што ги нуди - овој јаз што го создава непознавањето на технологијата, треба да се намали од политички, социјални и економски причини. Едукацијата на луѓето за придобивките од асистивната технологија (AT) е од витално значење за решавање на овој проблем, и за создавање инклузивно општество кое го бара Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост.

Во овој контекст поимот асистивна технологија се однесува на било кој електронски уред кој ја подобрува независноста на лицата со попреченост. Овие асистивни решенија се клуч за натамошно учење, развој на вештини, вработување и остварување на правата. Подеднакво е важно да се обрне внимание на слабото познавање и употреба на дигиталната технологија од страна на сите граѓани; инвестирањето во можности за учење и програми за обука кои ќе помогнат да се надмине оваа состојба, и да се зголеми учеството во информациското и комуникациското општество.

Мрежата е потребна за споделување на овие идеи, ќе користи да се контролира кршењето на политиките и практиките и да се стреми кон исполнување на заедничките цели; оваа мрежа ќе биде вградена во постојните чадор организации, со цел да опфати што поширока публика.

Кои активности ќе ги вклучува?

  • Истражувања, вклучувајќи лаборатории за живеење и активно учество на крајни корисници

  • Семинари и други настани за за споделување знаења

  • Работилници за развој на проекти

  • Развој на политики – предвидени студии – насоки за развој

Кои се целите на ЕНТЕЛИС?

Ние се стремиме да помогнеме да се премости дигиталниот јаз во Европа и светот преку промоција на стекнување дигитални вештини (ефективно користење на ИКТ и ИКТ - АТ) за зајакнување и независност на лицата со попреченост, од сите возрасти. Нашата стратегија е да се создаде одржлива мрежа за размена на знаења и да се поддржи развојот на политики во однос на:

  • Стекнување знаења во врска со ИКТ и ИКТ-АТ за лицата со попреченост;

  • Улогата на ИКТ и ИКТ-AT во образовните процеси кои вклучуваат лица со попреченост

На членовите на мрежата ќе и бидат ставени на располагање сите релевантни информации кои ќе се собираат. Мрежата има за цел да влијае на неколку нивоа, а постојните ресурси ќе ги распоредува на база на тоа ’каде има потреба’, за да влијае на развојот на идните политики.

Кои се чинтели?

  • Лицата со попреченост од сите возрасти и нивните старатели

  • Провајдерите на формално, информативно и неформално образование

  • Добавувачи на асистивна технологија

  • Сервисни служби

  • Фирми

  • Истражувачката заедница

  • Меѓународни организации

  • Креатори на политики

Кој ја води мрежата ЕНТЕЛИС?

ЕНТЕЛИС соединува девет партнери од цела Европа и една организација од САД. Членовите на проектот вклучуваат неколку големи европски чадор организации, како и голем број национални организации, а сите тие нудат различна експертиза во полето на лицата со попреченост и асистивната технологија. Развојот на мрежата е дополнително поддржан од голем број здружени партнери. За да ја погледнете целата листа, посетете ја веб страницата.

Почетната фаза на проектот е поддржана со грант од Европската комисија, во рамките на Програмата за доживотно учење.

Сакаш ли да се вклучиш?

Ако чувствувате дека може да дадете придонес кон оваа мрежа, Ве молиме не се двоумете да не исконтактирате, или посетете ја страницата www.entelis.net

Само заедно можеме да го премостиме дигиталниот јаз!